|
Според истражувањето за тоа кои активности помагаат во борба против деменција, има многу активности со кои постарите луѓе можат да ја зајакнат меморијата: да играат Судоку, да решаваат крстозборки или да учат странски јазик. Вежбањето на меморијата е неопходно „бидејќи секој од нас ќе добие Алцхајмерова болест ако живее доволно долго“, вели професорот Волф Дитер Освалд, од Универзитетот во Ерланген.
„Луѓето со деменција не можат да се грижат за себе“, вели Освалд, „само помошта е добар пристап“, додава тој. Знаците дека менталните способности на некои луѓе слабеат, се забележуваат преку ситни нешта. „Личноста не може да сети на телефонскиот број или некои работи кои би требало да ги купи од продавницата, или каде го паркирала автомобилот“, вели Флориан Шмидек од истражувачкиот институт Макс Планк. Луѓето кои имаат такви проблеми треба активно да се трудат да ја зајакнат својата меморија за да ја спречат менталната атрофија. Според Освалд, менталните вежби имаат смисла само во комбинација со физички активности и тоа само доколку не се рутински.
|