|
Луѓето болни од дијабетес тип 2, можат со секојдневна прошетка да го намалат ризикот од срцеви заболувања, покажаа резултатите од едно јапонско истражување.
Во истражувањето што го спроведоа стручњаци од Медицинскиот факултет Универзитетот Саитама се обучувани 102 дијабетичари, на возраст од 35 до 75 години. На нив им е препорачано секој ден да прават прошетки во времетраење од 20 минути до половина час. Во текот на 17 месечната студија, меѓу 64 испитаници кои секојдневно оделе на прошетка, еден до 2% доживеале срцев удар, а кај ниту еден испитаник не се развило срцево заболување. Од друга страна пак, од 38 испитаници кои не се придржувале до препорачаната прошетка, 18% во текот на седумнаесет месеци доживеале инфаркт или заболеле од срцеви болести. Срцевите заболувања и инфарктот спаѓаат во долгорочните компликации на дијабетесот од типот 2.
|