|
Руски патник, кому во Пекинг му било забрането да се качи на летот за Франкфурт, бидејќи премногу испил, на крајот „слетал“ во просторот за багаж, откако мртов пијан паднал на подвижната трака.
Авионската компанија поради пијанство му забранила влез во авионот. Тој, откако го земал багажот, и испил скоро литар вотка, паднал на подвижната трака и завршил во просторот за багаж, од каде го “преземале“ вработените на аеродромот. Пијаниот Русин го однела брза помош, а трезнењето било “болно“ – со полициска пријава поради попречување на протокот на багажот.
|