Резултатите од едно истражување што го спроведоа научниците од Универзитетската болница во Цирих покажале дека црното чоколадо е добро за кардиоваскуларниот систем.
Швајцарските научници утврдиле дека кај пациентите кои консумираат околу 40 грама црно чоколадо, благодарејќи на антиоксидансите кои се наоѓаат во него, се зголемува дилатацијата на коронарните садови.
На пациентите на кои во текот на испитувањето им е дадено „плацебо“ чоколадо (без флавоноид) не е забележана никаква разлика во васкуларната дилатација.
Истражувањето, спроведено врз 22 пациенти со трансплантирано срце, на кои им се направени многубројни испитувања, покажало дека црното чоколадо има дејство исто како и аспиринот на крвните садови.
Научниците сметаат дека потребно е да се направат многу испитувања за да се утврди како какаото влијае на кардиоваскуларните заболувања.
AP - Toyota said Thursday that its fiscal first-quarter profit plummeted 28 percent, and the automaker stuck to its forecast that full-year profit will...