|
 Престолнината на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Абу Даби, доби прва жена – таксист, пишуваат весниците.
Соба Јакуб е фотографирана во мигот кога ја примала почесната титула, што и ја доделил локален официјален претставник, откако успеала да стане возач на такси, инаку втора жена-таксист во ОАЕ. Првата жена беше Ајда Султан, која во декември 2006 година доби дозвола да вози такси. Како и во другите монархии на Персискиот залив, и во ОАЕ таксисти се главно Азијатите. Саудиска Арабија е единствена земја во светот во која на жените се уште им се забранува да возат автомобили.
|