Актерката Линдзи Лохан сакала-нејќела мора да престане да се журка и да се фати за работа. Завршната сметка на нејзиното беснеење во изминатите година дена изнесува – 7 мил. долари. Импресивно, а?
Душегрижните сметководители пресметале дека во споменатиот период Линдзи потрошила милион долари на гардероба и уште 500,000 на луксузен апартман во ексклузивниот Шато Мармон во Холивуд плус личен шофер плус журка.
Лохан, која пред десетина дена излезе од центар за рехабилитација, на вакви установи во последните година дена има спискано 137,000 долари во обид да се ослободи од потребата за секојдневно конзумирање алкохол и кокаин. Наредни 350.000 и’ отишле на адвокати поради две апсења и пријави за возење под дејство. Во остатокот до 7 милиони, иако дилерите не издаваат фискални сметки, сигурно е дека вртоглава сума отишла на поддршка на нејзината кокаинска зависност.
„Линдзи нема друг избор, затоа што е шворц. Единствената причина што се враќа во Лос Анџелес е на брзина да заработи добра пара.“, пишуваат британски медиуми.
Reuters - French President Nicolas Sarkozy
will attend the opening ceremony of the Beijing Olympics,
representing his own country and the European Union, his...