Од овошје, пејачката побарала црвени јаболки и манго, како и големо пакување со пченкарни пуканки. Станува збор за зависник од грицки.
Rihanna (19) во склоп на европската турнеја “Good Girl Gone Bad” ќе настапи во Белград. Младата пејачка наводно од организаторите побарала да и обезбедат луксузна Мерцедес Ц класа, голема соблекувална и 100 килограми пуканки. - Пејачката побара од нас во Арената да и го обезбедиме најголемото огледало сместено во огромна гардероба. Таа е голем зависник од грицки, па побара неколку типови на чипсови и дури 100 килограми пуканки, слатки и солени. Заедно со тоа треба да има голема количина на сокови, негазирани минерални води односно чај со мед - тврдат српските организатори. Можно е да побара и полициска заштита бидејќи на концертот во Даблин барала цела гарда. На концертот во Белградската Арена, Ријана ќе настапи на 24 Ноември оваа година и ќе пее еден час и половина. Концертот е во организација на „Skymusic", а картите ќе се продаваат по цена од 1.600 до 7.800 динари, во зависност од местото на седење.
|