|
Мобилни како кредитни картички |
|
Во Франција од наредната година мобилните ќе почнат да се користат за плаќање на сметки, објавија медиумите во Париз. Со своите телефони засега ќе може да се плаќа само во неколку синџири на продавници за прехранбени производи, книжарници и библиотеки.
Моменталниот состав во кој СИМ картичката од мобилниот телефон се претвара во кредитна картичка се испробува во рамки на пилот проектот во неколку градови низ Франција. Во овој проект учествуваат шесте најголеми банки во земјата, меѓу кои и Сосиете Женерал, како и најважните мобилни мрежи. Мобилните телефони со бежичниот метод се поврзуваат со ПОС уредите во продавниците, потоа купувачот мора, како и при досегашните трансакции да го внесе својот таен пин и да ја потврди трансакцијата на пари.
|