|
Граѓаните на Германија трошат алкохолни пијалаци како секој од нив да пие 10 литри чист алкохол годишно. Како што соопштува Централата за болести од зависност, толку алкохол не се пие во ниту една земја во Европа.
Истовремено, Централата укажува дека последиците од прекумерната консумација на алкохол се драматични. Жените што пијат повеќе од 10 до 12 грама алкохол дневно (една чаша црно вино) и мажите што пијат повеќе од 20 до 24 грама алкохол дневно, се изложени на многу поголем ризик да заболат од канцерогени заболувања од луѓето што не пијат. Лицата кои пијат, на пример, едно шише вино дневно, имаат 18 пати поголем ризик да заболат од рак на желудникот, а тие што плус на тоа и пушат, имаат 44 пати поголем ризик. Затоа, Централата за болести од зависност бара да се зголемат даноците за алкохолни пијалаци, бидејќи искуствата од другите земји покажале дека повисоката цена ја намалува потрошувачката. Моментално, алкохолните пијалаци во Германија се најевтини во цела Европска Унија. Експертите од Централата за болести од зависност му замеруваат на „алкохолното лоби“ дека не ги прикажува во вистинско светло опасностите од консумација на алкохол.
|