|
Нова верзија на ПлејСтејшн 2 |
|
|
Јапонскиот производител на електроника „Сони“ ќе пушти кон крајот на ноември во Јапонија нова верзија на конзолата за видеоигри ПлејСтејшн 2 (PlayStation 2), која е полесна од претходната, соопшти компанијата.
Продажбата на новата конзола ќе започне на 22 ноември, точно пред предбожиќното заживување во трговијата и ќе чини 16.000 јени (околу 100 евра). Конзолата ќе ги има функциите на сегашната ПлејСтејшн2, но со целосна обновена внатрешна архитектура, која дозволува да се намали тежината. ПлејСтејшн 2 е најпродаваната конзола за видеоигри в историјата. Следната од серијата ПлејСтејшн 3 тешко се наметнува кај играчите, покрај конкуренцијата од Wii на Нинтендо.
|