Кога Apple го издаде iPhone, светот на мобилните телефони збудале по touchscreen технологијата. Тоа можеби беше поради фактот што ниту еден друг голем производител пред појавувањето на iPhoneнемаше уред на пазарот со touchscreen технологија.
Една од најголемите жалби на iPhone корисниците е не баш добриот фидбек од touchscreen тастатурата. Nokia има нова технологија која треба да го револуционизира пазарот на touchscreen телефони и да ги пополни недостатоците што iPhone ги поседува.
Со Haptikos технологијата на Nokia, не чувствувате само обичен допир под вашиот прст како и кај останатите вакви уреди, туку допирот на некој начин е како клик и се чувствува, исто како и при притискање на вистински копчиња. Овој опис звучи многу слично на неодамнешниот патент на Apple за touchscreen фидбек, со кој ќе се користи дисплеј со два подвижни елементи што овозможуваат чувство на кликнување.
“Основната технологија не е така сложена. Поставивме две мали пиезо сензорски подлоги под екранот, и овозможивме механичко движење од 0.1mm на самиот екран. Она што представуваше поголем предизвик е точно да се калибрира движењето и реакцијата на движењето за прецизно да се долови чувството како вистинско притискање на копче” - вели Roope Takala, постар менаџер на истражувачкиот оддел на Nokia.
Технологијата работи толку добро што заборавате дека работите на вистинска onscreen тастатура.
Првиот уред кој што би требало да ја користи новата технологија е престојниот Nokia S60 Touch phone за кого неодамна се појавија демоа. Во компанијата велат нивниот следен предизвик е да создадат различни типови на фидбек кои ќе одговараат на скролување, прелистување и симулација во програмите за цртање и боење.
AFP - Mongolia has lifted the state of emergency imposed after deadly election riots hit the capital Ulan Bator, with the president Sunday appealing...