Британската кралица Елизабета Втора (81) прв пат се најде на листата на педесет најелегантни жени на светот која ја објавува модното списание „Вог“.
лицата, чии шапки и комплети понекогаш изненадуваат, во најновиот број на планетарната „модна библија“ се најде рамо до рамо со познатите манекенки како што се Кејт Мос и Наоми Кембел. „Кралицата има многу практичен приод кон модата и големо чувство за прилагодување во таа област, ова е многу голем комплимент за неа, изјави претставничката за односи со јавност во Бакингемската палата. Од списанието „Вог“ велат дека кралицата е подеднакво елегантна во длабоките чевли и марами со кои се шета низ дворецот и кога ја носи круната. Оттаму додаваат дека елеганцијата претставува начин на кој некоја личност треба да ја носи својата облека, а не она што го носи. Во списанието, исто така, се вели дека годините не влијаат на елеганцијата. На оваа листа се најдоа и актерките Ванеса Редгрејв (70) и Шарлота Ремплинг (62).
|