Најголемата банка на светот „Ситигруп", која последниве месеци претрпе големи загуби на американскиот пазар за станбени кредити, соопшти дека нејзиниот директор Чарлс Принс предвреме ќе замине во пензија.
Тој е втор раководител на голема американска банка кој се повлекува за една седмица, имено, тоа го стори и директорот на финансиската куќа „Мерил Линч". Во соопштението издадено во Њујорк, банката вели дека Принс ќе биде заменет од Роберт Рубин, поранешен министер за финансии во Белата куќа. „Ситигруп" има стотици милиони муштерии низ цел свет, а минатиот месец отпиша речиси шест милијарди долари во лошо пласирани заеми.
|