|
Дома
|
|
Пијалок - бомба |
|
Со мешањето на алкохол и енергетски напиток се добива многу опасен коктел кој е нешто слично како мешавина на кокаин и хероин, тврди еден од најпознатите британски стручни лица за лекување на зависности од дрога.
Don Serratt, основачот на Британскиот центар за одвикнување од дрога "Life Works", кажува дека мешавината од еден од најприфатените социјални стимуланси - кофеинот (кој го има во енергетските напитоци) и алкохол е соединение од кое се формира "исклучително опасен коктел". Серат се потпрел на најновата студија која покажува како луѓето кои пијат, на пример вотка со Ред Бул, имаат двојно поголеми шанси на некој начин да се повредат или некој сексуално да ги искористи. Во првото такво истражување американските научници испитале 4.271 студент, од кои една четвртина во изминатите неколку месеци конзумирале алкохолен пијалок помешан со енергетски напиток. Научниците дошле до заклучок дека оние кои пијат таков тип на коктел двојно повеќе барале медицинска помош и двојно повеќе биле подложни на повреди со автомобил, возејќи во пијана состојба. Исто така, двојно повеќе биле склони на сексуално искористување од некоја друга особа, или пак, доброволно се согласиле да бидат искористени. За време на просечното пиење, лицата кои го мешале алкохолот со енергетски напиток, испиле за 36% повеќе алкохол, што значи повеќе им "лизгал". "Моториката и реакциите се намалени при дејство на алкохол, но доколку заедно со него конзумирате и стимуланси (кои се наоѓаат во енергетските напитоци) тоа нема да биде толку очигледно, па поради тоа самата личност е опасна", рекла водачката на ова истражување Dr. Mary Claire O'Brien.
Краток коментар пристигнал од Ред Бул. "Не можеме да кажеме ништо околу тоа истражување, додека во целост не го проучиме. Но, повторно ќе го кажеме истото - пијте го Ред Булот одговорно", рекла портпаролката на познатиот бренд.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 14°C 1014mb |  8 km/h |
| | Skopje: |  | 21°C 1013mb |  19 km/h |
| | Bitola: |  | 14°C 1014mb |  8 km/h |
| | Prilep: |  | 14°C 1014mb |  8 km/h |
| | Stip: |  | 21°C 1013mb |  19 km/h |
| | Gevgelia: |  | 24°C 1008mb |  11 km/h |
|
|