|
Nајкраткиот домен на светот |
|
За да на Кинезите им се овозможи полесно пронаоѓање на неговите страници, Гугл одлучил да го купи еден од најкратките домени на светот.
Најкратките можни домени се оние кои се состојат од само една буква, но IANA (Internet Assigned Numbers Authority), компанија која ги надгледува и доделува интернет домените, вообичаено не дозволува нивна регистрација. Гугл сепак одлучил да го скокне тоа правило и го регистрирал доменот за кинеско подрачје - g.cn. IANA, иако има свои строги правила, понекогаш дозволува регистрација на некои домени со една буква. Моментално се зафатени домените z.com во сопственост на Нисан, q.com го има компанијата Quest односно x.com, која е во сопственост на PayPal.
|