Диетите кои жените постојано ги применуваат не само што можат да ги доведат до анорексија, туку можат да ги направат и асексуални, тврди познатиот британски сексолог, Сара Бревер.
- Кога телесната тежина ќе се намали под граница на нормалата, материцата се намалува, исчезнува менструацијата и со тоа драстично се намалува либидото, тврди Бревер.
Според неа, телото во таа состојба развива механизми со кои се бори против бременоста, затоа што психата на изгладнетите луѓе не може да се „носи“ со бременоста.
- Моментално, луѓето кои најчесто се болни од анорексија и асексуалност се манекенките и топ моделите. Така, пред една година бразилската манекенка Ана Каролина Ресртон (21) почина од анорексија, а беше тешка само 40 килограми, додава Бревер. Извор: МИА
|