Секој ден, и по дожд и по ветер, педесетгодишната вдовица Марија дел Кармен Соса, верно му носела цвеќе на гробот на својот сопруг во местото Парана, 500 километри оддалечено до Буенос Аирес, се додека по половина година не дознала дека носи цвеќе на гробот на непознат човек.
„Кога доаѓав на гробот на мојот сопруг, секогаш го гледав соседниот, потполно напуштен и неуреден гроб и си мислев: сирот човек, кај него буквално никој не доаѓа“, им изјавила Марија дел Кармен за новинарите/ „Дури сега сфатив дека тоа всушност е гробот на мојот сопруг“, додава таа. Марија дел Кармен живеела 17 години во брак со Антонио Раул Вера, кој умрел на 26 април од струен удар, додека ја поправал куќата.
|