|
Бакојани во Лондон и Берлин |
|
|
Шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани денеска патува во дводневна работна посета на Лондон на разговори, меѓу другото, и за прашањето за името на Македонија, соопштено е во Атина.
Според најавите, во вторник, таа ќе се сретне со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд, а меѓу темите се развојот на настаните на Косово и прашањето за името на Македонија.
Двајцата министри ќе разгледуваат прашања и во врска со Европската унија (ЕУ), прашањето за Кипар, европскиот курс на Турција, како и други прашања од регионален и меѓународен интерес, се додава во соопштението.
Грчката министерка, в среда, ќе отпатува за Берлин на средба со шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмер.
Тема на состанокот ќе бидат и прашања во врска со балканските држави, се посочува во соопштението. 
|