|
Ако сакате да се придружите на европскиот клуб, спроведете ги и почитувајте ги европските закони, порачува Унијата. Една од чувствителните теми е заштитата на интелектуалата сопственост, за пиратеријата во Европа има нулта толеранција, за Македонија таа е секојдневие.
На улиците во строгиот центар, во продавници и видеотеки можат да се купат пиратски це-деа или филмови. Сепак, Македонија потпишала договор со Унијата за почитување на интелектуалната сопственост. Но, зошто тогаш никој не го почитува тој договор? „Едната работа е да имате добар закон, а втората, да имате власти кои го спроведуваат. Сопствениците на право исто така да го користат законот“, изјави член на Комисија за интелектуална сопственост. Европската Комисија има точни и прецизни препораки до македонските власти. „Ако Македонија сака да му се придружи на клубот треба да ги фокусира своите приоритети, да обезбеди добра интелектуална заштита, мора да дејствува, да не им дозволи на бандите криминалци да ги водат овие бизниси, да ги стопира дејствијата“, додаде членот на Комисијата. Пиратеријата е исклучително профитабилен бизнис, но се уште казните се мали. Ако ве фатат во Белгија со лажни пиратски ди-ви-дија или це-деа нема казни, но затоа има пак во Германија и Франција. Регулативата секаде не е еднаква. Но сепак, зошто во Брисел ниту во една продавница, на улиците нема пиратски филмови, ниту музика. „Се чини дека за властите тоа е сериозно прашање, затоа преземаат мерки и дејствуваат, тоа е сериозно прашање. И за потрошувачите има свесниот, дека кога купувате лажни це-деа, вие всушност крадете сопственост од некој друг и ова заслужува да биде заштитено“, рече членот од Комисијата. Дали Македонија сериозно мисли кога ги става потписите, за да ги почитува европските закони. Во случајот со пиратеријата, очигледно одговорот е не.
|