Познатиот гитарист Карлос Сантана и неговата сопруга Дебора се разведуваат по 34 години поминати во брак.
Дебора Сантана, која во своите мемоари „Простор меѓу ѕвездите“ објавени во 2005 година, го обвинува својот маж за неверство, пред две недели поднесе барање за развод, наведувајќи ги како причина „непремостливите разлики“. Портпаролот на Сантана, Мајкл Џенсен изјави дека се работи за приватна работа и оти нема коментар. Познатиот музичар неодамна изјави дека е свесен оти во бракот правел грешки. „Искрено и се извинувам на неа и на моите деца за грозните работи што ги направив во моменти кога не бев при себе“, изјави Сантана по објавувањето на книгата на Дебора. Карлос и Дебора Сантана освен брачни, се и деловни партнери. Тие заеднички ја основаа фондацијата Милагро, непрофитна организација која им помага на сиромашните деца. На почетокот на годинава најавија дека планираат да отворат три мексикански ресторани во Сан Франциско, кои би се нарекувале „Марија, Марија“, според еден од хитовите на Сантана, награден со Греми. Сантана има три деца на возраст од 17, 22 и 23 години.
|