|
Германија, прва држава-членка на Европската Унија, од денеска воведува таканаречен електронски пасош што освен дигитална фотографија, содржи и два отпечатоци од прсти вметнати во чип.
Старите пасоши ќе важат истовремено со новите, до истекот на нивната важност. Некои политичари и безбедносни експерти предупредуваат на ризиците од ваков пасош и на зголемена државна контрола врз граѓанинот. Германското Министерство за надворешни работи, меѓутоа, во новите пасоши гледа предности, како на пример дека многу потешко може да се фалсификува. Според прописите што ги усвои ЕУ, сите држави-членки ќе мораат до јуни 2009 година да прифатат пасоши, кои освен дигитална фотографија, ќе имаат и отпечатоци на прсти од двете раце.
|