|
Скоро 40% од 128 милиони новороденчиња кои секоја година се раѓаат насекаде низ светот и не се службено пријавени, а не се евидентираат и две третини од починатите, објавила Светската здравствена организација.
СЗО објаснува дека поради непотполн регистерски број на родени и умрени во земјите во развој не може да се дознае нивниот точен број, ниту пак очекуваната животна возраст и од која болест најмногу се умира. Се верува дека дури 31 од 193 земји членки на СЗО водат евиденција за причините на смртта на нивните жители. Поради недостаток на тие податоци, владите на поединечни земји не можат да ја осмислат здравствената политика, предупредуваат од СЗО. Исто така истакнуваат дека децата, чие раѓање не е службено евидентирано, имаат помали изгледи да ги искористат предностите кои им ги нудат човековите, социјалните, политичките и општествените права и слободи.
|