Фатена ајкула во водите на Јадранското Море. Минатиот петок еден црногорски рибар фатил ајкула, која според пишувањата на тамошните медиуми не е опасна за луѓе. Ајкулата се фатила во мрежата на 51-годишниот црногорски рибар Илија Рафајловиќ. Морското куче со главата се заплеткало во рибарската мрежа. Ајкулата била од видот хекс, познат под називот "главоња".
- Дојдоа луѓе од Институтот за биологија. Ја прегледаа ајкулата, а потоа ја измерија. Ни рекоа дека овој вид ајкула ја нема кај нас и дека не е опасна за луѓе, се јаде, а нејзиното месо е бело и квалитетно. Мојот сопруг е постојано на море, па така што јас и мојата ќерка навикнавме дека тој лови се и сешто. Пред десетина години улови опасна бела ајкула, потоа ајкула лисица, а неодамна и ретка отровна риба четиризабец, раскажува сопругата на Илија, Радмила, која додава дека морското куче ќе заврши на тањирите на гостите во нивниот ресторан Три рибара" во Рафајловиќ. Овој познат медитерански вид може да порасне до 5 метри. Ја има многу ретко во Јадранот, но кога ќе залута најчесто се задржува на југ. Инаку, живее на околу 200 метри длабочина, ретко доаѓа во плитко, а на површина излегува ноќе. Се храни со риби, школки и ракови. Овој познат медитерански вид може да порасне до 5 метри. Ја има многу ретко во Јадранот, но кога ќе залута најчесто се задржува на југ. Инаку, живее на околу 200 метри длабочина, ретко доаѓа во плитко, а на површина излегува ноќе. Се храни со риби, школки и ракови.
|