|
Њукасл во рацете на Бин Ладен |
|
Успешната градежна компанија на семејството на најбараниот терорист во светот, Осама бин Ладен, се подготвува да го купи англискиот фудбалски клуб Њукасл.
Според британскит весник „Evening standard“, компанијата “Saudi Binladen Group”, сопственост на братот на Бин Ладен, Бакр, е подготвена за тимот да даде околу 380 милиони евра.
Семејството на Бин Ладен ги прекина врските со него, уште пред нападите на САД на 11-ти септември 2001. Но, аналитичарите сепак коментираат дека доколку дојде до реализација на оваа зделка, таа ќе биде една од најспорните во фудбалската историја.
|