Поради нерасчистени сметки, вчера попладне пред ресторанот „Милано“ во Куманово е убиен кумановецот Сефер Адеми(23), соопшти денеска полицијата.
Адеми, со пиштол го убил неговиот сограѓанин А.Р(29), кој веднаш по настанот самиот се пријавил во полиција, а истражните органи извршиле увид на местото на несреќата. Телото на починатиот е дадено на обдукција, а полицијата, по целосното расчистување на случајот, против А.Р ќе поднесе соодветна кривична пријава.
|