|
Мајка на 70 години во Индија |
|
Храбрата Индијка, 70-годишната Омкари Панвар, роди близнаци - син и ќерка, и така стана најстарата мајка на светот. Таа воопшто не била свесна за тој факт. Она што го сакале цел живот со сопругот Чаран Сињ Панвар (77) било да имаат син кому ќе му го остават наследството и тоа била единствената причина што се одлучиле на тој чекор, пренесе Хина.
Сега веќе е прашање што ќе им остават во наследство, затоа што таткото ги продал бизоните, ја ставил земјата под хипотека, ја потрошил целата животна заштеда, дури и подигнал кредит, се со цел да ги плати драгоцените третмани. Близнаците родени еден месец предвреме и со царски рез, се здрави и добро напредуваат. Бременоста и била напорна на Омкари, но родителите се среќни што конечно молитвата да имаат син им била услишана.
|