Во страотната трагедија што завчера попладне се случи на реката Сава кај ХЕЦ Бланца близу Кршко во Словенија, осум веслачи-рекреативци го изгубија животот, а уште петмина се водат како исчезнати. Полицијата и нуркачите стравуваат дека бројот на загинатите може да се искачи на 13. Само едно лице, од 14-те, колку што учествувале во овој слабо организиран рафтинг, успеало да се спаси. Се претспоставува дека е тоа сопругата на удавениот градоначалникот на Севница, Кристијан Јанц, кој е и пратеник во словенечкиот парламент.
Според словенечките медиуми, причината за несреќата исклучиво е човечки фактор, поточно нивното незнаење и невнимание. Учесниците во рафтингот, биле околу 30-мина, уште од самиот почеток ги следеле несреќи. Прво, само што тргнале од Севнице еден од чамците се превртел, но за среќа никој не настрадал и тие, нормално, не ја продложиле регатата. Другите три чамци без размислување продолжиле кон браната на недовршената ХЕЦ Бланце, од каде сакале за последен пат по нескротена Сава, да се спуштат до ХЕЦ Брестаница. Втората несреќа или среќа, им се случува близу браната Бланце каде еден од чамците поради проблеми се откажал. Веслачите на другите два чамца, без да размислат за опасноста што ги чека, тргнале кон прелевната брана на централата каде налетале на силни витли кои им ги искршиле чамците, а тие веднаш биле повлечени во сифоните. Патниците во чамците намела појаси за спасување. Организатор на рафтингот бил градоначалникот Јанц, а намерата му била за последен пат да го поминат делот на Сава кој по завршувањето на хидроцентралата повеќе нема да биде пловен. Повеќето патници биле локални политичари и стопанственици.
|