|
Чао за Доџ Вајперот на Памела |
|
Памела Андерсон се збогува со спортскиот автомобил, марка "доџ вајпер", што на аукција се продаде за 65.000 долари, а парите им ги даде на активистите кои се борат против мачењето на змиите, а кои наскоро ќе ја стартуваат својата нова агресивна кампања.
Холивудската секс-бомба, која е голем борец за правата на животните, уште еднаш на оригинален начин ја покажува својата хуманост, изјави Мајкл МекГроу, портпаролот на организацијата "Луѓе за етички третман на животните". Според него, свеста кај народот е на незадоволително ниво кога се во прашање цврстите методи преку кои се "соголуваат" змиите и крокодилите, особено во Индија.
|