Вљубена млада двојка од Крит, добила забрана од нивните родители да се венча, по што одлучиле заедно да умрат, пиејќи пестицид - по што момчето починало, а девојката паднала во кома, објави грчката полиција.
Вљубена млада двојка од Крит, добила забрана од нивните родители да се венча, по што одлучиле заедно да умрат, пиејќи пестицид - по што момчето починало, а девојката паднала во кома, објави грчката полиција. Момчето (24) и девојката (17), биле далечни роднини, а биле се пронајдени во планината во близина на градот Иерапетра, на југоистокот од Крит, каде што била фармата на семејството на дечкото. Девојката се наоѓа во критична состојба. Нивните родители се противеле на венчавката бидејќи девојката била малолетна, иако според граѓанскиот закон и грчката Православна црква, која не е одвоена од државата, се дозволува брак на далечни роднини.
|