|
Pink купува дел од Fashion TV |
|
Кон крајот на ова лето, со емитување ќе започне регионален "Fashion TV" која ќе ги покрива државите од поранешните ЈУ простори. Станува збор за канал лицентиран од "Fashion TV", чиј газда за овој регион ќе биде TV Pink, односно Жељко Митрович.
30% од програмата ќе се снима во регионот, во веќе постоечките студија на TV Pink, а останатите 70% ќе бидат превземени од Fashion International Chanel, со превод на српски јазик.Во новата телевизија 75% од капиталот ќе го поседува TV Pink, додека останатите 25% - FTV. Сопственикот на TV Pink - Жељко Митрович изјави дека со порастот на гледаноста на телевизијата, ќе расте и бројот на содржини кои ќе бидат снимени на овие простори. Целокупниот материјал на новиот канал ќе биде на локалниот јазик, што ќе претставува добра можност да се промовираат домашните модели, креатори и фотографи.
|