Досега најголеми анти-НАТО демонстрации во Киев ја пречекаа делегацијата на Северноатлантската алијанса, предводена од генералниот секретар на ОН Јап де Хоп Шефер, која вчера пристигна во посета на Украина. Целта на посетата е активизирање на политичкиот дијалог меѓу Украина и НАТО,започнат во Букурешт.
За време на посетата предвидено е да се одржи заседание на Комисијата НАТО-Украина на ниво на амбасадори со учество на министрите за надворешни работи и за одбрана на Украина, планирани се средби на Шефер и на делегацијата на НАТО со претседателот Виктор Јушченко, со премиерот Јулија Тимошенко и со претседателот на Врховната рада, Арсениј Јаценјук. Русија јасно кажа дека се противи на навестеното зближување, а тоа го потврдуваат и стите досегашни анкети, според кои само 20 отсто од населението на Украина го поддржува влегувањето во Северноатлантската алијанса. Во саботата, на прославата на 225-годишнината од основањето на Севастопољ, рускиот вицепремиер ја предупреди Украина дека во случај на пристапување кон НАТО Русија ќе воведе визен режим кон Украина, како и дека неизбежно ќе се прекине военоиндустриската соработка меѓу двете земји.
|