|
Авионска несреќа во Судан |
|
Најмалку 28 патници загинале, а 121 се спасени во синоќешната несреќа што се случила при слетување на авион од суданската авио компанија на аеродром во Картум.
Авионот со вкупно 203 патници и 14 член екипаж се запалил непосредно по слетувањето на пистата од аеродромот во Картум, пренесуваат агенциите повикувајќи се на официјални претставници. Според информациите, од запалениот авион се извлечени 28 тела, а регистрирани се 121 преживеани. „Останатите ги сметаме за исчезнати, но според нашите информации, некои патници си отишле дома пред да бидат регистрирани“, соопштија властите. Авионот на Судан Ервејз летал на линија Аман – Картум. Суданската државна телевизија јави дека несреќата била причинета кога се запалил еден од моторите на авионот.
|