Меѓународната комисија за набљудување на изборите од 1 јуни го заврши првиот извештај за изборите. Во извештајот се анализира изборниот процес, однесувањето на партиите и активистите но, и однесувањето на медиумите.
На првата страница во извештајот пишува: Изборите процедурално беа добро водени. Меѓутоа, очекувањата за напредок не беа реализирани заради неуспех да се спречат чиновите на насилство во областите со етничко албанско население, и заради ограниченото и селективно спроведување на законите". На страница осум од овој извештај се пишува за тоа кои медиуми кон која изборна понуда имале наклоност. Печатените медиуми, се пишува во овој извештај, беа набљудувани од страна на МНИ на ОБСЕ/ОДИХР и презентираа разноликост на гледиштата. Додека Време, Дневник и Утрински весник обезбедуваа поголемо покривање во полза на коалицијата Сонце (СДСМ), Вечер јасно беше пристрасен во полза на коалицијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, и јасно ја критикуваше коалицијата Сонце. Сличен тренд беше забележан и кај медумите на албански јазик, каде Коха покажа пристрасност кон ДПА а Лјм кон ДУИ... се вели во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за односот на медиумите за време на предизборната кампања. Кога од четири релевантни дневни весници, дури три се на страната на СДСМ, јасно е дека во овој медиумски простор доминираат сеуште интересите и врските на СДСМ, кој и покрај таа доминантна медиумска поддршка доживеа пораз во сите осумдесет општини, од вкупно осумдесет од каде очекуваа гласови за нивните пратеници. Или, накусо, инсталациите на СДСМ во медумите се сеуште силни и нагласено доминантни, пласирајќи информации од нивни интерес. Кај електронските медуми, во извештајот, има слична ситуација бидејќи според овој извештај во предизборите на Груевски му помагал само Сител. Според извештајот, Сител дал повеќе време за пласман на ставовите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Но, при ова, треба да се знае дека СДСМ сами решија да не даваат свои експерти за гостувања во Сител, ниту пак изјави за поодделени предизборни теми, со што лично креираа која партија колку време ќе има за пласман на своите ставови на Телевизија Сител. Кога сето ова ќе се види, јасно е дека не држи тезата на Шекеринска, и неколку медиуми блиски до СДСМ, дека Груевски имал контрола врз македонскиот медиумиски простор. Напротив. И овој службен, меѓународен извештај, покажува дека мнозинството медиуми и натаму се поблиски до СДСМ, особено кога им е тоа најпотребно - во време пред избори, а сосема е друго што СДСМ нема што да пласира до јавноста, што јавно би било забележано и прифатено.
|