Дома Вести
|
|
Вести
Неколку десетици граѓани, главно млади луѓе, вчера протестираа пред македонското Собрание. Со знамиња, пароли и песни им испратија порака на пратениците за неменување на името.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Позицијата на Грција за членството на Македонија во НАТО останува непроменета, изјави грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани.
|
|
Повеќе...
|
|
Поплави и суши со невидени размери. Светот се подготвува за борба против глобалното затоплување. Доаѓа ера на енергетски судири. Македонија нема стратегија. Јагленот, нафтата и гасот се најголемите загадувачи на околината, но и главните причинители за климатските промени.
|
|
Повеќе...
|
|
Средбата на македонскиот државен врв, на која требаше да биде изграден конечниот став за последниот предлог на Нимиц, заврши без да биде соопштено каков бил исходот. Се надеваме дека утре ќе биде издадено официјално соопштение за заклучоците на средбата.
|
|
Повеќе...
|
|
Проекцијата на воено-љубовната приказна „Покајание“ на режисерот Џое Рајт синоќа свечено го отвори 11. Скопски филмски фестивал. Оскаровецот „Покајание“ минатата година го отвори Венецискиот филмски фестивал, а досега освои и дваесетина награди на повеќе филмски фестивали. Скопската публика годинава покрај „Покајание“ во главната програма ќе може да ги види и “Ветувања од исток“, “Лавови за јагниња“, “Девојката пресечена на пола“, “Детектив“, “Вода“, “Сико“ и други врвни филмски остварувања.
|
|
Повеќе...
|
|
Владеачката ВМРО – ДПМНЕ застана против сите, настојувајќи да го одложи прашањето на името до референдум. Застана против светот, евроатланските институции, сопствениот народ, држава, иднина. Партијата на власт стана опозиција, наместо да управува со државата, наметнувајќи опасни поделби и закани во овие пресудни, историски настани.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Метеж, нервоза, чекање со денови и недели за издавање на еден документ. Вака со години функционира катастарот. Оваа институција важи за една од најбавните, кога се во прашање решавање на предметите. Граѓаните се жалат дека одат од шалтер до шалтер и пак не можат во еден ден да ги добијат сите потребните податоци за градежната парцела или имотот кој ги интересира. „На еден шалтер 50 луѓе чекаат, има народ. Не можеме да си го вратиме местото 12 години по грешка на катастарот. Има гужва и многу тешко да дојдеш до еден документ. Гужвата е до врата, треба три часа да чекаме за само да ни кажат, па после уште три часа да чекам ред“, велат граѓаните.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Реформите во здравството ги потиснуваат педијатрите. Со промените тие ќе бидат заменети со семејните лекари, а за неколку години во Македонија ќе ги нема. Младите доктори се повеќе ја заобиколуваат оваа специјализација. Во последните 10 години нивниот број е драстично намален. Просечната старост на овие лекари кај нас е 52 години. „Оној момент кога државата ќе види негативни трендови и оној момент кога ќе ни падне степенот на вакцинација, кога ќе се вратат болестите кои веќе се превентивни. Ако се врати маларијата, тогаш ќе биде можеби доцна“, изјави Љупчо Николовски, претседател на Здружение на педијатри. Според европските правила еден доктор треба во просек да има 500 деца. Во некои делови во земјава еден педијатар се грижи за 2.000 деца.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Последниот предлог на медијаторот Нимиц, по синоќешниот детален брифинг од страна на преговарачот Димитров, државниот врв го смета за конечен, но консултациите околу неговото изјаснување ќе продолжат деновиве, заклучно со собраниската седница во понеделник, изјави по лидерската средба министерот Милошоски. „Овој предлог го сметаме, после 15 години разговори околу овој билатерален спор, за конечен предлог во овој процес. И вториот заклучок е дека процесот на градење став во однос на овој конечен предлог, продолжува овие денови и најверојатно според Уставот и Законите ќе резултира со собраниска расправа во понеделник“, изјави Милошоски.
|
|
Повеќе...
|
|
| << Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>
| | Results 64 - 72 of 297 | |
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 6°C 1019mb |  8 km/h |
| | Skopje: |  | 5°C 1020mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 7°C 940mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | 7°C 940mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | 6°C 1020mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 12°C 1019mb |  calm km/h |
|
|