Прекршочна пријава за физички напад и малтретирање против професорот по меѓународно право и екс министер за внатрешни и надворешни работи, Љубомир Фрчкоски. Тој вчеравечер во близина на маркетот „Тинекс“, кај ССМ, со тупаници го нападнал Александар Блажевски, а неговата сопруга Катерина Вељановска ја влечел за коса.
|
|
Повеќе...
|
|
Албумот „Back to Black“ на проблематичната британска пејачка Ејми Вајнхаус ја собори рекордната продажба на албуми на сајтот www.amazon.com. „Ејми го предводи бранот на новите женски таленти и во целост го заслужува ова признание“, соопштија од сајтот Amazon.com.
|
|
Повеќе...
|
|
Спотот од песната „Hardest Rough“, што требаше како пилот сингл да го најави англискиот деби албум на Тоше Проески ексклузивно ќе биде промовиран на финалната вечер од изборот на песна за Евровизија што ќе се одржи во Белград - Србија.
|
|
Повеќе...
|
|
Во наредните десет години би можел да се случи потрес со јачина иста како што во 2004 година ја погоди Суматра, и да предизвика цунами во индискиот океан. Тоа го тврди Владимир Кособоков од меѓународниот институт за предвидување на потресите и математичка геофизика во Москва.
|
|
Повеќе...
|
|
Источната кинеска провинција Анхуи е погодена од опасниот вирус EV71 кој предизвикува висока температура, парализа и оток на мозокот. Надлежните воведоа мониторинг на ширењето на вирусот од кого досега починале 19 деца и се проширил во населението.
|
|
Повеќе...
|
|
Почнувајќи од оваа година, фестивалот Охридско лето ќе произведува сопствено вино. Брендот ќе биде „Охридско лето“, а виното ќе го произведуваат винариите кои ќе имаат најдобра понуда.
|
|
Повеќе...
|
|
Децата на загинатите бранители во конфликтот во 2001 г. и оваа година ќе летуваат во Охрид. Решението го потпиша министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, на денот на полицијата.
|
|
Повеќе...
|
|
Социјал-демократската партија во првата изборна единица ќе и се спротивстави на лидерката на СДСМ Радмила Шекеринска. Шеесет и двегодишната штипјанка ни потврди дека во нејзината кандидатура нема ништо незаконско и дека е изненадена од стравот кој го предизвикала во СДСМ. Вели дека за тоа дали ќе освои повеќе гласови од Шекеринска, одлуката ќе му ја препушти на народот. -Многу врева се крена за мене деновиве. Почекајте нека се случи нешто, да влезам во Парламентот па тогаш ќе разговараме. Тука нема ништо чудно. Ми понудија и јас прифатив. Многу се исплашија од мене. Народот ќе одлучи дали сум подобра од Шекеринска, ни рече Шекеровска.
|
|
Повеќе...
|
|
Потрагата по 22-годишниот студент од Битола, Александар Маркоски, кој пред пет дена исчезна во водите на Преспанското Езеро продолжи и денеска. Нуркачка екипа на МВР засилена со експерт за спасување во води од Франција, одново започна да го пребарува дното на езерото кај рибарско село блиску до Отешево. На помош им дојдоа и рибарите од околните села кои сметаат дека подводните струи го имаат однесено телото спрема Сирхан, спротивно на Северецот кој дувал на втори мај спрема Стење. „Според мене може да биде на левата страна, натаму каде што дуваше ветерот. По наше искуство, струењето телото го однело натаму, према Сирхан“, рече Славе Николовски, еден од рибарите. Полицијата на рибарите им дозволи да употребат голема мрежа влак со која се опфаќа езерска површина до 500 метри.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>
|
| Results 1 - 9 of 297 |