|
|
|
Свет
Шефиците на дипломатиите на САД и Грција, Кондолиза Рајс и Дора Бакојани, ќе имаат средба на маргините на министерската средба на НАТО, која започнува денеска во Брисел.
|
|
Повеќе...
|
|
Романија е на 36-то во класификацијата за нивото на школска подготовка на десетгодишните ученици според истражувањето на Бостон колеџ, објави денеска романскиот весник „Евениментул зилеи“. Истражувањето е направено во 45 држави и региони и во него учествувале 215.000 ученици од четврто одделение.
|
|
Повеќе...
|
|
Сите 56 патници и членови на екипажот загинаа минатата ноќ при уривање на авион на турската компанија „Атлас џет“ во планинската провинција Испарта во централна Турција. „Во несреќата нема преживеани“, изјави директорот на компанијата Тунџај Доганер за турските медиуми. Тој информира дека спасувачките екипи утрово ги пронашле остатоците на авионот од типот „МД 83“. Во авионот имало 49 патници и седум членови на екипажот.
|
|
Повеќе...
|
|
Ал Каеда, терористичката мрежа на Осама бин Ладен, е решителна да изврши големи напади, користејќи ја зголемената поддршка и се полесно пренесувајќи пораки и оперативни планови, се наведува во заклучокот на експертите за тероризам, кои работат при Советот за безбедност на ОН. Во извештајот се наведува дека Талибанците, кои во моментот се борат да ја вратат контролата во Авганистан, го зголемиле своето влијание во Авганистан и северозападен Пакистан, но и дека располагаат со средства, добиени со шверц на наркотици, со кои купуваат оружје и ангажираат странски војници.
|
|
Повеќе...
|
|
Лидерот на исламското движење Хамас осуден е на вкупно 450 години казна затвор заради организација на самоубиствени напади, соопшти воен претставник.
|
|
Повеќе...
|
|
Иран произведе нова ракета со дострел од 2.000 километри, јавија иранските медиуми повикувајќи се иранскиот министер за одбрана Мустафа Мохамед Наџар.
|
|
Повеќе...
|
|
Финска не е ниту Белгија, ниту Канада, но и таму тлее јазична војна меѓу финското мнозинство и шведското малцинство, кое што е жртва на „финландизацијата“. Ова го тврди универзитетскиот професор Јуха Јанхунен, специјалист по изучување на азијатски јазици и член на групата за Шведскофонско обединување во Финска. „Финска му чита морал на целиот свет, но дури и во Кина кон малцинствата се однесуваат подобро“, рече Јанхунен.
|
|
Повеќе...
|
|
Бројот на катастрофи предизвикан од временските непогоди е поголем за четири пати во изминатите две децении, се наведува во извештајот на водечката британска хуманитарна организација Оксфам. Во извештајот на Оксфам се наведува дека во осумдесеттите години на минатиот век годишно биле регистрирани 120 природни катастрофи, додека просекот за изминатите години изнесува околу 500.
|
|
Повеќе...
|
| << Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>
| | Results 73 - 80 of 111 | |
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 8°C 1025mb |  10 km/h |
| | Skopje: |  | 8°C 1026mb |  3 km/h |
| | Bitola: |  | 8°C 1025mb |  10 km/h |
| | Prilep: |  | 8°C 1025mb |  10 km/h |
| | Stip: |  | 8°C 1026mb |  3 km/h |
| | Gevgelia: |  | 12°C 1025mb |  10 km/h |
|
|