Дома Вести Македонија
|
|
Македонија
Тунелот што се наоѓа на регионалниот пат Дебар-Маврово, кај селото Скудриње, од денеска нема да постои. Тунелот денеска ќе биде миниран и урнат, поради што ќе биде затворен патот од Дебар кон Маврово до 20 часот.
|
|
Повеќе...
|
Три телевизии со национална концесија -„А1“, „Канал 5“ и „Алсат М“ - ќе им дадат големи попусти на партиите што ќе се рекламираат кај нив. Најголем попуст, од дури 90 отсто од редовната цена, најави дека ќе даде телевизијата „Канал 5“, а само телевизиите „Сител“ и „Телма“ се' уште не откриваат дали даваат попуст за партиски рекламни спотови.
|
|
Повеќе...
|
Премиерот Никола Груевски остро ги осуди изборните инциденти од изминатите неколку дена. Тој вчера лично побарал објаснување од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и од првиот човек на ДПА, Мендух Тачи, како најодговорни за однесувањето во албанскиот политички блок. Тие изразиле подготвеност дека ќе направат се што е во нивна моќ да спречат понатамошни инциденти и да влијаат врз своите активисти и да го почитуваат кодексот за фер избори. Премиерот Груевски уште еднаш ги повика сите актери на политичката сцена да не го валкаат името на Македонија, со предупредување дека ќе нема партиска заштита за никого.
|
|
Повеќе...
|
Во Солун, на железничка станица, неодамна е поставен споменик на Александар Македонски. И ова според Грците не е никаква провокација во спорот со името меѓу Атина и Скопје. За Грците не е прифатлив предлогот Нова Македонија, покажало истражувањето на компанијата РАСС чии резултати се објавени во весникот Парон. Дури 62 отсто од Грците го отфрлиле ова име како неприфатливо. Но, за Грците е неприфатлив ниту еден предлог што го содржи зборот Македонија. Осумдесет и еден отсто од Грците ги отфрлаат предлозите кои содржат Македонија. Според 89,2 од учесниците во анкетата, поддршката на Скопје од страна на Турција, изразена од претседателот Абдула Ѓул, е непријателско дејство. Според 75,5 отсто од анкетираните, непопустливата позиција на Скопје во однос на спорот со Атина за името е потврда на иредентистичките намери на Македонците.
|
|
Повеќе...
|
Радмила Шеќеринска, треба да му објасни на македонскиот народ, како за само шест месеци ќе ја внесе Македонија во НАТО и ЕУ, вели лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов. -Кога зборува Шеќеринска за компромис со Грција за влез во НАТО, треба на граѓаните да им објасни дали тоа значи промена на името преку промена на Уставот? Дали тоа значи откажување од македонскиот идентитет, јазик, писмо и култура? Дали тоа значи новото име да не се користи за комуникација со 120-те држави кои што не признаа под Уставното име - изјави Трајанов.
|
|
Повеќе...
|
Автобуси од сите краеви на Македонија го преплавија Охрид во текот на вчерашниот дел. Тие ги превезуваа симпатизерите на коалицијата „За подобра Македонија“ која синоќа одржа предизборен митинг во Охрид. Според информации од организаторот на митингот во Охрид вчера пристигнале над 270 автобуси.
|
|
Повеќе...
|
|
10 тима на набљудувачите на ОДИХР веќе се распоредени во Скопје, Тетово, Куманово, Охрид и Прилеп. Повеќето од 21 долгорочен набљудувач на ОДИХР веќе престојувале во Македонија, а некои го зборуваат и македонскиот јазик. Од забелешките на долгорочните набљудувачи на средина од изборниот процес ќе биде подготвен интерниот извештај на странските набљудувачи за изборите во Македонија.
|
|
Повеќе...
|
Прекршочна пријава за физички напад и малтретирање против професорот по меѓународно право и екс министер за внатрешни и надворешни работи, Љубомир Фрчкоски. Тој вчеравечер во близина на маркетот „Тинекс“, кај ССМ, со тупаници го нападнал Александар Блажевски, а неговата сопруга Катерина Вељановска ја влечел за коса.
|
|
Повеќе...
|
| << Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>
| | Results 65 - 72 of 257 | |
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 28°C 1011mb |  10 km/h |
| | Skopje: |  | 26°C 1010mb |  27 km/h |
| | Bitola: |  | 33°C 934mb |  29 km/h |
| | Prilep: |  | 33°C 934mb |  29 km/h |
| | Stip: |  | 26°C 1010mb |  27 km/h |
| | Gevgelia: |  | 32°C 1007mb |  19 km/h |
|
|